10 најлесни начини да навредите некого во странска земја

Секоја земја и секој народ има свои, специфични обичаи, кои многу често се разликуваат од нашите. Доколку сакате да ги навредите домаќините, тогаш следете ги овие 10 совети…

Палец нагоре

Доколку во Иран или некоја од арапските земји сакате да дадете знак на одобрување, подигнувајќи го палецот нагоре, тогаш сте на добар пат да навредите некого. Овој гест во тие земји е еквивалент на покажување на средниот прст во западната култура.

Визит карта

ID-100117697-Young-Businessman-Saving-His-Visiting-Card

Ако сте во Јапонија некој ви даде визит карта (а секако некој ќе ви даде визит карта) и вие ја ставите во џеб, соговорникот веднаш ќе се навреди. Во оваа далечна земја сите луѓе се грижат за туѓите и своите визит карти со големо внимание.

Комплименти

Кога во арапска или северноафриканска земја ќе му кажете на домаќинот дека ви се допаѓа неговиот кауч, на пример, тој ќе почувствува обврска да ви го подари каучот.

Пиење

toast1012

Кога пиете алкохол во Јапонија, непристојно е да си ја полните сопствената чаша. Сите очекуваат да ја полните чашата на личноста што седи до вас.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Јадење

Во Индија и во исламските земји храната се допира единствено со десната рака. Левата рака е наменета за користење во тоалетот.

Доцнење

stock-footage-woman-waiting-for-her-boyfriend-late-for-dinner

Во Аргентина, ако одите на вечера, се очекува од вас да задоцните барем еден час, бидејќи точноста се гледа како знак на алчност.

Сркање

Иако во западните земји гласното сркање се смета за непристојно, во Јапонија се очекува од вас да го правите тоа, доколку ви се допаѓа храната која ви ја послужиле.

Смеење

Во Кореја ако му се насмеете некому, а не го познавате лично, тоа значи дека мислите оти е глупав.

ОК

a-ok-sign-431

Гестот со рака за ОК во Бразил и Турција е крајно непристоен, бидејќи означува женски задник.

Повикување со прст

На Филипините, доколку некого повикате со показалецот, тоа значи дека го сметате за куче. Ова не само што се смета за навреда, туку можно е да бидете и уапсени.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -