Добил 58 милиони долари како обештетување

Антонио Лопез Чај (43) бил нападнат во бар во Лос Анџелес кога се обидувал да спречи тепачка. Еден вработен од обезбедувањето 8 пати го удрил по глава со пендрак и 4 пати му ја удрил главата од подот. Вработениот од обезбедувањето и барменот кој го нападнале Антонио, откако го оставиле да лежи во бесознание, исчезнале од лицето на настанот.

Антонио кој бил молер по занимање, се здобил со толку тешки повреди на главата, што повеќе неможе да збори и неможе да оди без туѓа помош. Поради овие повреди тој добил 58 милиони долари оштета, рекордна сума исплатена до сега во Калифорнија.
Antonio-Lopez-Chaj_5-482x620
При започнувањето на судскиот процес, на првото рочиште, Антонио се појавил со спортско капче на главата, но судиката му наредила да го острани. Моментот кога го симнал капчето, целата судница била исполнета со воздишки од изненадување, поради тоа што една четвртина од черепот му недостасувал на Антонио.
_h0_w295_m6_otrue_lfalse
Но, покрај целиот публицитет и огромната оштета што ја добил после судскиот процес кој завршил вчера, Антонио со помош на неговите блиски, низ солзи изјавил дека би ги дал сите пари веднаш доколку може да си го врати стариот живот и професија.

- Реклама -