Денес кога конкуренцијата е голема, потребно е добро да се подготвите за интервјуата за работа. Иако никој не може да предвиди кои прашања ќе ги постави вашиот потенцијален работодавец, можете да рамислите како би одговориле на оние прашања кои најчесто се поставуваат.
Денес кога конкуренцијата е голема, потребно е добро да се подготвите за интервјуата за работа. Не е повеќе доволно цврсто да се ракувате со оној кој ве интерјуира и да направите контакт со очи. Потребно е да се направи динамична апликација и резиме, да направите истражување за компанијата каде аплицирате, да бидете убедливи и да ја развивате способноста да дадете сигурен и убедлив одговор на прашањата кои ќе ви бидат поставени. Иако никој не може да предвиди кои прашања ќе ги постави вашиот потенцијален работодавец, можете да рамислите како би одговориле на оние прашања кои најчесто се поставуваат:
1. Кажете нешто за себе
Вашиот работодавач сигурно не го интересира колку сте тежеле кога сте се родиле, кога сте научиле да ги врзувате чевлите или колку сте испиле претходната вечер. Него или неа ја интересира како ќе се вклопите во компанијата и какво е вашето работно искуство. Можете да одговорите на ова прашање така што ќе го прашате оној што ве интерјуира што тој би сакал да знае или би можеле да зборувате за вашето образование, за тоа дека можете да работите во тим или за она што мислите дека е битно за конкретната компанија.
2. Зошто мислите дека би требало да работите тука?
Иако можеби петмина кои изгледаат поспремни од вас чекаат надвор, мора да звучите убедливо, смирено и компетентно. Објаснете како вашето искуство ве подговило за работата. Нагласете ги квалитетите што мислите дека работодавачот ги бара, како на пр. дека имате исклучителна работна етика или фактот дека брзо учите.
3. Која е вашата најлоша карактеристика?
Специјалистите сугеририраат во овој случај да направите вашата доблест да звучи како недостаток: „Перфекционист сум“ или „Сите викаат дека работам премногу“, но некои сметаат дека ваквите одговори станаа клише. Затоа можете да споменете некоја помала, понезначајна маана како „Мислам дека сум премногу отворен на моменти, но се трудам да го поправам тоа“.
4. Каде се гледаш себеси по пет години?
Дајте му до знаење на оној кој ве интервјуира дека барате стабилно работно место и дека не планирате да го искористите конкретното работно место како привремено решение додека во меѓувреме сте во потрага по подобра позиција. Можете да кажете дека „Би сакал да бидам вработен во мала компанија како оваа, каде ќе можам да учам, допринесувам и да напредувам“.
5. Зошто го напуштивте претходното работно место?
Никогаш не зборувајте за вашиот претходен работодавач и колеги во негативно светло. Не обвинувајте ги нив за вашето заминување. Подобро, дадете некоја позитивна причина, како таа дека сте заминале за да искористите некоја друга поволна прилика која подобро одговара на вашите способности.
6. Опишете како сте решиле некој проблем кој сте го имале во вашиот живот.
Бидете подготвени со краток одговор кој покажува дека сте снаодлив. На пр. „Сакав да одам на приватен универзитет, но моите родители немаа пари, па така работев за да заштедам пари и за да можам да студирам на место по мој избор“.
7. Дали сте имале потешкотии да се согласувате со вашите претпоставени и колеги?
Мора да сте светец, па да сте немале никакви проблеми со луѓето со кои сте работеле. Можете да одговорите со: „Никакви поголеми проблеми. Се трудам да се согласувам со сите.“
8. Како се справуваш со стресот на работното место?
Работодавачот сака да знае дали ќе излеташ од вратата во првиот момент кога работите ќе станат стресни. Запрашајте се себеси дали можете да функционирате со зададени крајни рокови или потребно ви е креативно време за да бидете поефикасни. Размилете околу тоа како се справувате со стресот и одговорете искрено како на пр. „Се фокусирам на работата која ја работам„ или, „Се трудам да најдам слободно време за да вежбам во теретана (за да се ослободам од стресот“.
9. За колкава плата би работеле тука?
Наместо да кажете некоја точна бројка, кажете дека очекувате да добивате она што е стандардна плата за конкретното работно место.
10. Дали сакате да ме прашате нешто?
Секогаш имајте пар прашања. Тоа покажува дека сте направиле истражување претходно за компанијата. Прашајте нешто за моменталните проекти или проблеми на компанијата.