7 теми на разговор кои треба да ги одбегнувате

Разговор Постојат теми на разговор за кои се интересираат екстремно малку луѓе и доколку инсистирате на нив, кога сте на забава и зборувате со луѓе кои воопшто или едвај ги познавате, големи се шансите да им здодеете и едноставно да ви го завртат грбот. Затоа, како превентива, еве ги седумте основни теми кои треба да се одбегнат.

Постојат теми на разговор за кои се интересираат екстремно малку луѓе и доколку инсистирате на нив, кога сте на забава и зборувате со луѓе кои воопшто или едвај ги познавате, големи се шансите да им здодеете и едноставно да ви го завртат грбот. Затоа, како превентива, еве ги седумте основни теми кои треба да се одбегнат:

Разговор1. Сонови.

2. Скорешните промени во распоредот на спиење на вашето дете.

3. По кој пат сте дошле до забавата.

4. Одличен оброк кој сте го имале некогаш во некој ресторан.

5. Последното скапо шише вино што сте го купиле.

6. Извештај за последната партија тенис што ја имате одиграно.

7. Заплетот на некој филм, претстава или книга – особено хумористичните делови.

Што е заедничко за сите овие теми? Соговорникот нема што да додаде. Единствено што може да стори е да ве ислуша како објаснувате и објаснувате, а тоа,како што знаете и не е така интересно.

И никој не вели дека овие теми се лоши за разговор, сами по себе. Добар раскажувач може да извлече добар разговор од која и да е тема. Ова особено важи доколку соговорникот ги има истите интереси или проблеми како вас. Но, кога ќе одберете некоја од овие теми (или ним сродните) внимавајте на погледите кои шетаат по таванот, празните изрази на лицата на оние кои ве слушаат или честите поткашлувања – тоа би требало да ви каже дека нешто правите погрешно.

- Реклама -