Неодамна на нашата страна ви го пренесовме рецептот за совршен брак кој се надеваме дека уредно си го препишавте и редовно го конзумирате, а сега ви ја претставуваме формулата за предвидување на развод која работи со точност од 94%!
Професорот по математика Џејмс Мареј од Универзитетот во Оксфорд усовршил модел кој може да пресмета колку и кои врски ќе бидат успешни. Во истражувањето во кое учествувале 700 парови, професорот ја докажал можноста за развод со извонредна точност од 94%.
Според неговото мислење, оние кои се во брак можат да се поделат во пет групи, од кои две се стабилни, две нестабилни, а една категорија се наоѓа помеѓу. Неговата формула се базира на наједноставниот модел – 15-минутен разговор со паровите. Од партнерите побарал да седнат еден наспроти друг и да разговараат за било кој проблем – пари, секс, односот кон другите членови од семејството… Додека паровите разговарале и нивниот разговор се снимал, професорот им доделувал бодови и на двата партнери во зависнст од тоа што тие го кажувале, а оцените се движеле од -4 до +4. Партнерот кој ќе покажел повеќе хумор, среќа или емоции во текот на разговорот добивал максимален број на бодови, за разлика од оние кои изразувале презир и незадоволство, односно кои добивале минимални поени.
Паровите биле набљудувани цели 12 години, во интервали од една до две години, а професорот истакнал дека кога е во прашање предвидување на развод точноста изнесувала 100%. Оцените кои брачните парови ги добивале ги внесувал во математички модел, кој е потоа претставен графички. Точките каде што две линии се сечат ги илустрираат шансите на бракот тој да успее или да пропадне. Според ова истражување најдеструктивното нешто во врската, дури повеќе и од гадењето, тагата и бесот, е презирот.
Кој во која категорија припаѓа?
Во првата категорија се паровите кои се смирени, блиски, се поддржуваат еден со друг и имаат складна врска. Тие повеќе сакаат заеднички искуства отколку истакнување на индивидуалноста. Во втората се оние кои избегнуваат било каква расправија и на своите партнери им одговараат само позитивно. “Променливи” парови се оние кои внесуваат романтика и страст во врската, но кои имаат жестоки расправии, и таквите комбинации кои можат да бидат стабилни или нестабилни, сепак генерално се несреќни. Во категоријата на непријателски парови се оние во кои едниот партнер не е желен да разговара за проблемот, а другиот се согласува, па на крајот меѓу нив не постои никаква комуникација. И петтата категорија се оние во кои едниот е зајадлив и сака да спори, додека другиот не е воопшто заинтересиран за спорот околу одредениот проблем.
Според мислењето на професорот, најстабилни се врските во кои на бракот се гледа старомодно – како на партнерство.