Подгответе се за долгите патувања

Без разлика дали патувате со автобус или со авион, доколку дестинацијата е подолга, едноставно мора соодветно да се подготвите, за времето поминато на вашето седиште да не ви стане мачно и неподносливо. Еве што сѐ треба да понесете…

Лекарства и козметика

Medicament-930620_scalewidth_630

Сите препишани лекарства кои ги земате во секое време треба да ви бидат при рака. Исто така, треба да си носите и лекови за главоболка, стомачни проблеми, мачнина при патување итн. Во рачниот багаж ставете ги и сите козметички производи без кои не можете, како на пример крем за раце или лабело.

Забава

42-26082670

Некои луѓе успеваат да спијат во текот на долгите патувања, но дел од нас едноставно не можат да затворат очи додека се движат. Затоа, потребно е некаков вид забава, за побрзо поминување на времето. Ако планирате да користите електронски уреди за слушање музика, играње игри или гледање филмови, тогаш наполнете ги батериите денот пред тргнувањето. Размислете и за купување резервна батерија, која ќе ви овозможи двојно подолго користење на лаптопот, смартфонот, таблет-компјутерот итн. Секако, можете и да заборавите на ваквите подготовки и едноставно да си понесете добра книга.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Храна

istock_photo_of_salty_pretzels

Кога одите на подолги патувања, задолжително земете си ужинка во рачниот багаж. Секако, автобусите прават попатни паузи, а во авионите има понудени грицки, но цените во ресторанчињата каде што се застанува или за она што е понудено во авионското мени се доста поголеми, а никој не може да ви гарантира за квалитетот на тоа што ќе го јадете.

Потопла облека

Одите на одмор, времето е топло и можеби нема да се сетите да ставите џемпер или тренерка во рачниот багаж, но не заборавајте дека патувањата често започнуваат или завршуваат навечер. Исто така, може да се случи денот кога ќе пристигнете на саканата дестинација да биде постуден од вообичаено. Затоа, за да не се случи да премрзнете, имајте едно дополнително парче облека при рака.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -