Измешајте четири бакнежи дневно, секс три пати неделно, и разлика од две години – е тајната за долг и успешен брак!
Измешајте четири бакнежи дневно, секс три пати неделно, и разлика од две години – е тајната за долг и успешен брак!
Ако партнерите имаат две заеднички хобиа, ако најмалку три пати се прегрнат во текот на 24 часа, си кажат барем еднаш “Те сакам” и еднаш месечно споделат романтична вечера тоа значи дека нивната врска е нераскинлива! Бидете 100% сигурни дека ќе останат верни еден на друг “додека смртта не ги раздели” ако се запознале преку пријател и ако се венчале после три години забавување.
Профилот “Совршен брак” е резултат на анкетата која ја спроведе еден интернет сајт за планирање на венчавки во која се опфатени повеќе од 3000 сопружници. Резултатите покажаа дека еден од главните предуслови за брак на долги стази е младоженецот да биде на 31-годишна возраст и да биде 2 години постар од неговата партнерка. Откако ќе спласнат возбудувањата околу венчавката, важно е да се одржува магијата со редовни бакнежи и романтични излегувања.
Идеалниот момент за прво дете според анкетата е после две години брак. Освен честите бакнежи и прегратки, важен е и постојаниот контакт каде и да се наоѓаат – преку телефонски разговори, смс пораки и мејлови. За освежување на бракот доволни се две викенд патувања и едно патување во странство во текот на годината.
А покрај хобито, бакнежите и прегратките, за сопругот е најважно да го задржи ставот на независност така што два пати месечно би излегувал сам со своите пријатели.