Во последно време, кружат доста гласини за следното големо претставување на Apple, iPhone 5S или евтиниот iPhone, како и неофицијални слики за овие модели.
Најновите слики за евтината верзија на iPhone го прикажуваат претстојниот уред во разни бои и со пластична покривка. Цените кои би можеле да ги имаат верзиите на овој модел се: 16GB за 349 долари, 32GB за 449 долари, 64GB за 549 долари. Иако овие суми не се баш ниски, сепак достигнуваат и за 300 долари помалку од продажната цена на моделите на iPhone 5.
Исто така, треба да нагласиме дека овие цени се пониски од iPhone 4S кој е се уште достапен во верзијата 16GB. Дури и iPhone 4 од 8GB чини 450 долари.
Тоа значи дека кога овој телефон ќе се појави на пазарот (иако се уште е само шпекулација), најверојатно ќе биде претставен заедно или малку подоцна од новиот iPhone кога новата верзија iOS 7 ќе биде достапна за сите корисници, а тоа најверојатно би било околу средината на месец септември.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk