Турбо-фолкот отстранет од скопските дискотеки

Сопствениците на дискотеките во главниот град едногласно одлучиле турбо-фолкот да престане да се пушта, а во нив единствено ќе можат да настапуваат диџеите и македонските пејачи.

Според пишувањата на дневниот весник „Вечер“ ноќниот живот во Скопје конечно ќе претрпи измени. Имено, отсега љубителите на турбо-фолкот ќе можат да се веселат само во кафаните и во домашни услови.

„Мораше да се измени нешто во градот, доста беше од турбо-фолк, Скопјани сакаат да се врати времето кога доаѓаа врвни диџеи. Дискотеките продолжуваат да се полнат иако нема повеќе српско, прометот не опаѓа, а и онака многу скапо се плаќаа српските изведувачи кои чинеа и по десетици илјади евра“, изјавил еден од скопските менаџери за „Вечер“.

- Реклама -