10 нагони што не треба да се послушаат

mistakeee.jpg Понекогаш силно, силно сакате да направите нешто убедени дека тоа е вистинската одлука. Почесто од само понекогаш, таа одлука излегувачиста катастрофа. Поучени од најчестите брзоплети грешки ви ја давамелистата на десетте нагони што не треба да ги послушате, односно десеттеимпулси што треба да ги преспиете. Не заборавајте, утрото е поумно одвечерта.

Понекогаш силно, силно сакате да направите нешто убедени дека тоа е вистинската одлука. Почесто од само понекогаш, таа одлука излегува чиста катастрофа. Поучени од најчестите брзоплети грешки ви ја даваме листата на десетте нагони што не треба да ги послушате, односно десетте импулси што треба да ги преспиете. Не заборавајте, утрото е поумно од вечерта.

1. Да си го смените статусот на Facebook во married за да го нервирате бившиот/бившата. Ќе ве дознаат роднините, ќе им кажат на родителите, ќе се крене паника и додека да објасните новото момче/девојка ќе побегне без размислување.
pijana_sms.jpg
2. Да пратите порака кај бившиот/бившата пијани. Без разлика на текстот, утрото ќе посакате да си го смените бројот, ако не и градот…

3. Да си купите облека со помал број или да ги дадете сите стари фармерки со намера набрзо да ослабете со новата волшебна диета.

4. Да експериментирате со средство за самопотемнување неколку часа пред важно излегување.

frizura_loshaaa.jpg5. Сами да си ja „средите“ фризурата во потрага по брза и ефектна промена.

6. Да решите дека сакате да бидете готвач откако ќе успеете да спремите еден рецепт препорачан од Џејми Оливер. Не е доволно за менување кариера!

7. По телефон да им се жалите на родителите дека животот ви е срање. Нема да заспијат од грижи!

8. Дрско одбивање на заинтересирана личност поради тоа што „не е ваш тип“. Животот е полн со изненадувања!

9. Да предложите да ја организирате новогодишната (или која било друга) забава на работа. Неколку ситни грешки и ќе ве гледаат попреку засекогаш!

10. Да ги фрлите или продадете омилените предмети на вашиот партнер во налет на лутина. Ако го натерате саканиот/саканата да се збогува со својата музичка колекција, вие ќе мора да се збогувате со него/неа.

 

- Реклама -