Девојки научете нешто од машките!

Повеќе...

Иако на девојките им пречат многу машки особини, сепак постојат одредени работи кои мажите, мора да признаеме, ги прават на вистинскиот начин. 


images.jpg

Иако на девојките им пречат многу машки особини, сепак постојат одредениработи кои мажите, мора да признаеме, ги прават на вистинскиот начин.

Жените и мажите не комуницираат на ист начин ни дома ни на работа. Непишано правило вели дека жените почесто користат “ние” додека пак мажите велат “јас”, го бранат својот став и упаѓаат во разговор, а жените брзо се повлекуваат. Жените воглавно бараат мислење од колегите на работа, а донесувањето одлуки мажите го прават самостојно.

Иако стереотипите не се добри, истражувањата покажуваат дека сепак мажите се од Марс, а жените од Венера. (Не)интересно е што добар дел од она во кое жените се полоши од мажите, самите жени го сметаат за своја доблест и за тоа се возаблуда. На пример претераното угодување не е доблест туку искажување на недостатоци и проблеми. Ако се ограничиме на професионалниот свет, жените се подобри во тимската работа, а мажите во т.н. директива во стилот на раководење. Жените повеќе соработуваат, а на мажите полесно им е да даваат наредби. До вакви заклучоци дошле психолозите и стручњаците за комуникација, иако секој од нас знае и такви кои секако не би се вклопиле во овие полови стереотипи.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Но, што е тоа што жените би можеле да го научат од мажите?

1. Заборавете на угодувањето

Правилото број еден гласи – заборавете на угодувањата! Не трудете се да создадете складни односи! Жените мислат дека било каква нескладност или несложување ќе им ја доведе блискоста во криза и ќе им ја поремти рамнотежата, која постојано се трудат да ја одржуваат (секако има и такви кои како ураган внесуваат немир каде и да се појават). Да не навредиме некого, секако дека е убава оваа особина, но понекогаш е подобро да се биде поефикасен и одлучно да се даде по некоја наредба. Е во тоа се мажите подобри.

2. Борба за себе

Факт е дека мажите подобро се претставуваат, често бараат подобро место, често зборуваат во прво лице. Многу истражувања досега покажале дека жените се чувствуваат непријатно кога треба нешто да побараат: поголем хонорар, поголема плата, слободни денови… За машките е тоа многу полесно, дури и оние за кои мислиме дека не се доволно упорни и самоуверени изненадуваат. Иако знаат како да се изборат за себе и за своите права, затоа пак помалку се снаоѓаат во емотивните ситуации.

- Реклама -