Мажите, бојата на косата и бракот

Повеќе... Ново истражувување ја потврди старата предрасуда: дека мажите преферираат блондинки за кратки врски, но кога се работи за брак,  изборот паѓа на брунетите.


blonds_-_brunetes.jpg

Ново истражувување ја потврди старата предрасуда: дека мажите преферираат блондинки за кратки врски, но кога се работи за брак,  изборот паѓа на брунетите.

Речиси секој петти од испитаните мажи рекол дека блондинките се поатрактивни од другите девојки и дека се подружељубиви. Кога станува збор за брак сепак повеќе од половината испитаници би се ожениле со темнокоса жена бидејќи тие им изгледаат како почувствителни и како да може повеќе да смета на нив.

Од испитаните 3.000 мажи, речиси половината од нив рекле дека темнокосите се попосакувани за љубовна врска, 51% од нив мислат дека тие се подобри во организирање на домот, додека 48% од нив мислат дека брунетите подобро готват.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Според истражувачите кои го направија испитувањето, отсекогаш се сметало дека блондинките повеќе се забавуваат, па затоа мажите повеќе сакаат блондинки за кратка врска, но кога станува збор за брак, мажите порадо би избрале брунети, зашто тие им изгледаат како поприземјани, сигурни и разумни.

Навистина е изненадувачки што и во овој нов милениум, дебатата блондинки наспроти брунети сеуште опстојува. Ова докажува колку е важен првиот впечаток за мажите, но тоа не значи дека жените треба веднаш да дотрчаат во првиот фризерски салон со цел да ја сменат бојата на косата. Сепак, не се стапува во брак со некого само заради бојата на косата. Она што ја прави жената привлечна, сепак, на крајот е – самодовербата.

- Реклама -