Тајната за среќна врска: помалку разговори

Повеќе...

Ова ќе им се допадне на мажите. Истражувачите им порачуваат на жените да заборават се што досега слушнале за искреноста, споделувањето на чувствата и тоа дека треба да ги натераат мажите да зборуваат за нив. Нивното решение е: помалку разговори, повеќе секс.


1483070.jpg

Ова ќе им се допадне на мажите. Истражувачите им порачуваат на жените да заборават се што досега слушнале за искреноста, споделувањето на чувствата и тоа дека треба да ги натераат мажите да зборуваат за нив. Нивното решение е: помалку разговори, повеќе секс.
Според експертите, мислењето дека зборувањето памага е најголемиот мит што се однесува на врските. Вистината е дека најчесто тоа ги прави работите полоши. Зборувањето за своите чувства кое го практикуваат жените, од друга страна, ги прави мажите да се чувствуваат физички нелагодно. Кога тие треба да зборуваат за своите чувства, тогаш има повеќе крв во нивните мускули, стануваат вознемирени, а жените заради тоа мислат дека тие не ги слушаат.
Решението, според овие истражувачи, е дека сите ние треба пред се да научиме да комуницираме  најпрвин невербално, преку допир, секс, правење некои работи заеднички. Најинтимните моменти, кога се чувствуваме најблиски со некого, се случуваат кога не зборуваме. Треба да престанеме да се трудиме да се чувствуваме поблиски со некого преку зборовите, туку зборовите да произлезат од чувството на блискост. Интересен е фактот дека кога двојката се чувствува поврзано на некој начин, мажите сакаат да зборуваат повеќе, а жените помалку, па така се наоѓаат некаде на средината.
Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”
- Реклама -