Samsung го лансираше првиот смартфон во кој има вградено проктор, но Samsung Galaxy Beam е уред со прилично ограничени можности. Затоа од Ј. Кореја доаѓа нов мини проектор кој работи со било кој смартфон.
Проекторот SmartBeam има големина од 4.5 сантимери и тежи 126 грама што значи дека лесно може да го носите со себе постојано. Може да проектира слики цели два часа пред повторно да ја наполните батеријата.
SmartBeam понуден од страна на корејскиот оператор SK Telecom по цена од 300 долари е прилично атрактивен додаток кој служи за проекција на слики и преку Bluetooth може да се поврзе со било кој смартфон.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.mk