Новинарот и публицист Жељко Зиројевиќ наишол на досега необјавена фотографија од Јосип Броз Тито во рамки на неговото истражување за улогата на некогашниот претседател на Југославија во граѓанската војна во Шпанија.
Фотографијата открива две работи: телото на Тито и тоа дека тој бил припадник на меѓународните сили во Шпанија. Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за автентична фотографија од 1961 година објавена во Зборникот на шпанските борци. Фотографијата е насловена „Југословени кои се капат“.