Два нови таблет уреди од Sony

таблетSony во понеделникот претстави два нови таблет уреди: S1, „оптимизиран за забава“ и S2 „идеален за мобилна комуникација и забава“. Уредите ќе бидат пуштени во продажба од есен 2011 година, и ќе работат на Android 3.0 со WiFi и WAN (3G/4G) компатибилност.

таблетОд соопштението за јавноста:

S1 има 9,4 инчен диспеј за уживање на интернет и богати содржини на голем екран. Дизајнот чиј центар на гравитација е поместен од средината нуди стабилност и лесно држење и влева чувство на стабилност, мала тежина и овозможува удобно користење со часови.

S2 има два 5,5 инчни дисплеји кои можат да бидат затворени за полесна преносливост. Спротивно од веќе постоечките таблет уреди, двата екрани дозволуваат спојување и користење како еден голем екран или користење за различни функции, на пример видео на едниот екран а контролните копчиња на другиот.
таблетПовеќе детали и видео се достапни на блогот на Sony.
таблеттаблеттаблет

- Реклама -