Она што iPhone корисниците го имаа до неодамна, сега може да се инсталира и на телефоните со Android оперативен систем. Налик Foursquare, Foodspotting е визуелен водич за добра храна и патот до неа. Наместо да оценуваат ресторани и кафулиња, корисниците на оваа гурманска заедница аплоадираат фотографии од своите омилени јадења и пијалаци.
Корисниците на Foodspotting понатаму можат да ги препорачаат своите омилени јадења и пијалаци со тоа што ќе гласаат за нив, да следат други корисници, да го обележат она што би сакале да го пробаат во иднина и секако, да добијат виртуелни беџови за нивните гастрономски постигнувања.
Еве и кратко видео кое објаснува што е Foodspotting.
{vimeo}14194026{/vimeo}
Апликацијата преземете ја од Android Market (Foodspotting), пробајте ја и пишете ни го вашето мислење во коментарите. Очекуваме препораки за добри јадења и пијалаци од вас! 🙂