Google ги претстави Nexus S и Android 2.3

nexus-sПрвиот Android телефон се појави на пазарот во ноември 2008-ма година. Денес, повеќе од 200.000 уреди секојдневно се активираат глобално, што ја прави Android платформата најатрактивна помеѓу корисниците. Пред неколку часа Google го претстави најновиот оперативен систем Android 2.3 (Gingerbread) и нивниот најнов мобилен телефон – Nexus S.

Ова е првиот телефон кој ќе биде испорачан со Android 2.3, односно Gingerbread. Прекарите за Android верзиите тимот на Google ги даде по познати десерти, па така 1.5 беше именуван како Cupcake (колаче), 1.6 Donut (крофна), 2.0/2.1 Eclair (еклер), 2.2 Froyo (замрзнат јогурт), додека најновата верзија 2.3 се вика „колач со ѓумбир“ и ветува најдобро мобилно искуство досега.

Уредот е развиен во соработка со Samsung, што ќе овозможи подобра интеграција на хардверот и софтверот.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

{youtube}fjaYKNwWWiQ{/youtube}
Nexus S е првиот телефон со 4 инчен Contour екран дизајниран комотно да лежи во рака. Поседува 1GHz Hummingbird процесор, камера напред и назад, 16GB внатрешна меморија и NFC (near field communication) хардвер кој чита информации од NFC тагови. NFC е брза и повеќенаменска безжична технологија со краток домет која може да биде вметната во разновидни секојдневни објекти како филмски постери, налепници, маички и слично.
nexusbig-540x424GingerBread е најбрзата верзија на Android досега и има значителни подобрувања на корисничкиот интерфејс, NFC поддршка, нова тастатура и алатка за селектирање на текст, (VoIP/SIP) јавување преку интернет, подобрена copy/paste функционалност и поддршка за сензор за жироскоп.

{youtube}lxUXulxE5o0{/youtube}
Повеќе Nexus S видеа и спецификации ќе најдете на google.com/nexus, а за информации околу Gingerbread појдете на android.com.

- Реклама -