Тинејџерите кои јадат редовно пилешко месо, имаат помали шанси да заболат од рак на дебелото црево. Овие резултати се добиени на Универзитетот во Бостон во истражувањето “Nurses Health Study 2”. Истражување започнало во касните деведесети години од минатиот век и се уште трае (долготрајно истражување), но веќе можат да се воочат одредени работи.
Резултатите покажале дека со конзумација на пилешко месо во раните години на животот, се намалува шансата да се развијат аденоми, израстоци кои се предзнак за ракот. Статистиката покажала дека 20% се намалува шансата за тумор на дебелото црево, а 50% за рак на дебелото црево. Со ова истражување, статистички се докажува дека месото кое го јадеме во адолесцентниот период од животот има влијание на развојот на ракот.
Во целиот свет илјадници луѓе оболуваат од рак на дебелото црево, а и смртноста од оваа болест е доста висока. Развојот на оваа болест е долг процес, затоа и научниците со години истражуваат кое месо како се одразува на здравјето на луѓето, односно на појавата на болести. Според досегашните сознанија се смета дека главните причини за појавата на рак на дебелото црево е недостатокот на физичка активност, масната храна и црвеното месо.
Превземено од FoxNews