Со присутноста на големата интернет фрагментација и одалечувањето на генерациите поради технологија, социјалните мрежи се трудат произволно да го закрпат општеството нa уникатен сајбер начин. Можеме слободно да кажеме дека денес секој има Facebook, а повеќето знаат што е Twitter, како и што нудат овие две социјални мрежи. Foursquare, од друга страна, има комплетно латерален пристап кон целиот поим и концепт, малку познат за луѓето без интерес за мобилни уреди.

Апликацијата работи исклучиво на мобилен телефон, и е достапна на Apple, Android и Blackberry оперативните системи. Дополнително, сите информации се прикажани и на корисничкиот панел, на кој можете да пристапите преку вашиот веб-прелистувач каде ќе ја прегледате целосната историја на посетените места, вашите пријатели и нивните посети, значки, Mayorships, бодови итн.
За да станете Mayor, односно „градоначалник“ на некое место треба да имате повеќе посети од било кој друг. Тоа е титула која може да ја има само еден човек и се губи ако некој друг ги надмине тие посети.
Единствена видлива маана кај оваа апликација е тоа што има простор за мамење. Можете да направите Check In на некое место иако не сте ни влегле таму или пак да се пријавите повеќе пати во рок од неколку минути. Затоа ако сакате да ја почувствувате забавата што ја предизвикува оваа апликација ќе треба да имате осет за фер игра.
{youtube}cib1Mnl2Kfc{/youtube}
Појдете на foursquare.com/365commk за да погледнете совети од нашите автори за кафулиња, ресторани, кафеани, клубови и други локации!Воедно, следете нè на Foursquare каде објавуваме новини поврзани со мрежата, најнови значки и како да ги отклучите!
Вашите совети за интересни места испраќајте ги (со линк до местото) на editor[на]365.com.mk