Инсталирајте апликации преку компјутер директно на вашиот Android телефон (видео)

гаџетиЕдна од поимпресивните функции на Android 2.2 Froyo, презентирана неодамна на I/O конференцијата на Google, е неговата “Push” способност. Работи на принцип на „буткање“ на работи (статии, вести, музика, апликации) од вашиот десктоп компјутер во вашиот Android уред.


device4Една од поимпресивните функции на Android 2.2 Froyo, презентирана неодамна на I/O конференцијата на Google, е неговата “Push” способност. Работи на принцип на „буткање“ на работи (статии, вести, музика, апликации) од вашиот десктоп компјутер во вашиот Android уред.

Најпрво треба да ја преземете апликацијата AppBrain App Market и Fast Web Installer на вашиот телефон, а потоа да отидете на appbrain.com, да се најавите со Google сметка и со еден клик да ги инсталирате апликациите што ви се допаѓаат. Не заборавајте дека е потребна интернет конекција и на телефонот. Android AppBrain апликацијата нуди повеќе опции, преглед и менаџмент на веќе инсталираните апликации на вашиот телефон како и пребарување и инсталирање на нови. Опцијата Recommended apps ви прикажува апликации кои се слични на тие што моментално ги користите. Исто така, можете да додавате пријатели на кои сакате да им покажете што имате на вашиот телефон, а имате можност и да ги видите нивните апликации.

На сајтот ќе најдете многу листи со апликации, а може да си направите и ваша и да ја објавите јавно. Листата редовно се синхронизира, па така вашите пријатели во секое време ќе знаат што користите на телефонот и кои апликации се интересни за вас. На следниот линк погледнете ги моите инсталирани апликации 🙂

Препорачуваме да го испробате овој нов, едноставен метод на инсталација ако имате Android 2.2, иако ова би требало да работи и на постариот Android 2.1.
{youtube}w22MJMA_bok{/youtube}

- Реклама -