10 работи кои мобилните телефони ги направија непотребни

Повеќе...Историјата на мобилните телефони е навистина неверојатна. Тие се развија над сечија имагинација и сè уште продолжуваат да се развиваат. Оваа листа е показател на тоа колку моќни всушност станаа мобилните телефони.

Историјата на мобилните телефони е навистина неверојатна. Тие се развија над сечија имагинација и сè уште продолжуваат да се развиваат. Оваа листа е показател на тоа колку моќни всушност станаа мобилните телефони.

Телефонски кабини

1258822737_w44_h100Пред да постојат мобилните телефони, постоеја овие шармантни, иако често смрдливи, телефонски кабини. Првата класична црвена телефонска кабина беше претставена на јавноста во 1920, додека пак денешните телефонски кабини нудат разновидни услуги, како на пример интернет пристап. Но, со се поголемиот пазар на мобилните телефони, овие кабини некако станаа непотребни.

Рачни часовници

1258822768_w71_h100 Сакате да знаете колку е часот? Многумина се откажаа од носење часовник бидејќи си имаат часовник на телефонот. Но часовникот, не е само за да се види колку е времето. Да се носи часовник е и моден знак, начин на кој луѓето покажуваат колку се влијателни, а денешните телефони ја заземаа и таа улога.

Будилници
1258822795_w76_h100Не веруваме дека производителите на мобилни телефони ја ставиле опцијата „аларм“ мислејќи дека ќе биде успешна. Тие ЗНАЕЛЕ дека ќе биде успешна. Речиси сите наши пријатели го користат мобилниот како будилник. Проверете на Google и ќе видите колку се популарни рекламите за алармот на iPhone. Деновите на стандардниот будилник покрај нашиот кревет завршија.

Компактни дигитални камери
1258822853_w129_h100
Поранешните телефонски камери беа ужасно лоши, но пазарот увиде дека сè уште има побарувачка за нив. Во текот на времето, телефонската камера значајно се подобри и телефоните како Nokia N82, на пример, креираа одлични фотографии вредни за печатење. Големите про апарати секогаш ќе бидат подобри од оние на телефонот, но разликата меѓу дигиталните камери и телефонските станува се помала и помала.


MP3 плеери

1258822814_w96_h100_copyЕдно време беше многу тешко да ги соберете сите ваши контакти во мобилниот телефон, а да не зборуваме и за музика. Имаше и време кога телефоните немаа 3.5мм приклучок за слушалки, но за среќа, тоа време помина. Колку повеќе телефоните ја нудат опцијата за mp3 плеер, толку повеќе станува непотребно да се купи самостоен mp3 плеер.

Домашни телефони
1258822834_w146_h100Домашниот телефон е развиен во 19 век, но стана секојдневен дел од домаќинството дури во 20 век. Слично како и телефонските кабини, мобилните телефони ја избришаа потребата да се поседува домашен телефон. Иако луѓето сè уште користат интернет по телефонски жици, мислиме дека деновите на домашниот телефон полека ќе завршат.

Нетбукови
1258822959_w120_h100Мобилни или мултимедијални компјутери? Разликата е мала. Сè уште има добри причини да поседувате нетбук, но нема да им треба многу време на телефоните да ги престигнат.

Рачни конзоли за игри
1258822983_w141_h100iPhone го направи мобилното играње подобро од кога и да е. Одредени игри на iPhone се исто толку добри како и на Нинтендо DS и PlayStation. Мобилните телефони имаат предност бидејќи играчите имаат можност да се приклучат на мобилна мрежа и да играат групно, каде и да се.

Хартија
1258823004_w120_h100Што имаат мапите, речниците и новелите заедничко? Сите тие се испечатени на хартија, и можат да бидат тешки, скапи и тешко достапни. Мобилните телефони и e-читачите нудат дигитален пристап на традиционалната хартиена содржина. Дигиталното издавање е начин милиони луѓе да имаат пристап до информациите без притоа да треба да одат во библиотека, со што мобилните телефони наскоро ќе станат одлични направи за читање.

Размислување
1258823022_w116_h100Добро, претеруваме кога велиме дека мобилните телефони ќе го направат размислувањето непотребно, но тие помагаат многу. Дали користите GPS за да утврдите каде се наоѓате, или пребарувате нешто на вашиот мобилен веб пребарувач, животот е дефинитивно полесен отколку што беше. Барем додека не ви се потроши батеријата, нели?

- Реклама -