Некои фанови на Twitter станаа толку зависни од сервисот, што не им беа доволни опциите за користење од телефон и PC, па сакаа повеќе. Сега можат повеќе. Twitter Peek e гаџет што беше преставен неодамна на пазарот и е ексклузивно наменет за користење на Twitter. Ова и не би било така лошо доколку не чинеше 99 долари!

Twitter Peek е со големина на дланка, екран во боја, qwerty тастатура и топче за кликање и скролање. Чини импресивни 99 долари. На почетокот, оние што го купиле, добиле 6 месечна бесплатна услуга. По тој период, секој што сака да продолжи да го користи ќе мора да плаќа речиси 8 долари месечно. Производителот, кој го нуди овој производ единствено на он-лајн продажба, преку Амазон, нуди и опција да платите 199 долари, со што добивате неограничена услуга до моментот додека гаџетот не престане да функционира. Ова е своевидно коцкање, зашто Twitter Peak доаѓа со ограничена гаранција од само 1 година.
Иако првично овој гаџет е достапен само за жителите на Америка, Peek можеби го пушти во продажба во погрешно време. Откако во текот на изминатите 12 месеци користењето на Twitter како сервис порасна за неверојатни 1000%, во септември годинава за првпат е забележан пад од 0,17%. Доколку овој пад прерасне во тренд или пак корисничката активност на сервисот стагнира, Twitter Peak може да се покаже како прилично скапа авантура за компанијата.