Како да одберете очила за сонце

При изборот на идеални очила за сонце треба да земете предвид повеќе важни фактори, како што се: соодветна заштита од УВ зрачењето, удобноста на рамката, квалитетот на изработката итн. Но, за изборот да биде совршен, треба да внимавате и формата на очилата да ви одговара на формата на лицето.

il_fullxfull.358261323_m9eb

Првото нешто што треба да го направите за да можете да ги одберете правилните очила за сонце е да го одредите типот на вашето лице. Постојат 7 основни типови на лице: заоблено, овално, елипсоидно, триаголно, превртен триаголник, дијамантско и квадратно. Откако ќе ја одредите оваа важна карактеристика, ќе знаете какви очила за сонце најмногу ќе ви одговараат.

Дијамант

sunglasses-for-diamond-face

Ако имате лице во форма на дијамант, тогаш треба да се одлучите за очила со тенки рамки, очила со нагласен горен дел на рамките или пак овални рамки.

Квадрат

201006-omag-sunglasses-shapes-square-600x411

За луѓето со квадратна форма на лицето се препорачуваат рамки со меки рабови, заоблени, овални и очила со потенки рамки.

Триаголник

201006-omag-sunglasses-shapes-heart-600x411

Ако имате триаголно лице, одлучете се за рамки со живописни бои или пак за рамки чиј горен дел е рамен.

Превртен триаголник

Доколку вашето лице има форма на превртен триаголник, тогаш барајте очила со многу тенки рамки, направени од лесен материјал, во постудени бои.

Елипса

201006-omag-sunglasses-shapes-oblong-600x411

За луѓето со елипсоидна форма на лицето се препорачуваат рамки кои се широки, во најмала рака пошироки од најширокиот дел од лицето.

Круг

sunglasses-for-round-face-shape

Ако имате заоблено лице, купете си очила за сонце со квадратни или аглести рамки, кои исто така се малку подебели од вообичаено.

Овал

201006-omag-sunglasses-shapes-oval-600x411

Луѓето со овална форма на лицето можат да носат речиси секакви очила за сонце, но најдобро изгледаат оние со квадратни или аглести рамки.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -