Претставено првото пиво во светот инспирирано од Twitter

Новата марка пиво наречено #MashTag се произведува во Велика Британија и претставува првиот алкохолен пијалок инспириран и создаден целосно од корисниците на социјалните мрежи.

Англиската пивара Brew Dog, создаде пијалок, кој првично бил претставен пред фанови кои требале да решат како ќе се вика пијалокот и колку проценти алкохол ќе содржи. Така #MashTag пивото сега содржи 7.5% алкохол, направено е од хмељ од Нов Зеланд и е одлежано во лешници и дабови иверки.

MashTagBeer1

“Овој проект е целосно направен со помош на нашите верни фанови”, изјави Сара Варман, потпаролот на компанијата. “За само една недела, ние на нашите Twitter следбеници, Facebook корисници и читатели на нашиот блог, им овозможивме да гласаат за секој елемент на производот. Така ние ја имавме можноста да им објасниме како се прави пивото, а и да им дадеме и можност да станат дел од создавањето на еден таков производ. ”

Компанијата побарала од своите фанови да ги дадат своите предлози за името на производот, процентот на алкохол кој ќе го содржи пивото и како би изгледал дизајнот на самата амбалажа.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -