Со големо задоволство го откриваме долго очекуваното дело од нашиот автор и писател Дејан Велкоски кое беше напишано во еден здив, инспирирано од најубавата работа на светот – љубовта.
„Приказни за август“ е кус приказ на љубовта, видена низ очите на еден просечен сонувач; збирка циклизирани раскази, поврзани од отсонуваната љубовна приказна.
Сонувачот ќе направи сѐ за да извлече насмевка од неа, но дали сѐ е доволно?
За миг, на крајот од приказната, фикцијата ќе се спои со реалноста, за да го даде одговорот на тоа прашање…
Бидете во Младинскиот културен центар на 17.01.2011 (понеделник) во 19 часот за да дознаете нешто повеќе!