Новогодишен дочек на покривот на Зградата на самоубијците, најпопуларната зграда за самоубиства во северен Лондон, и четворица апсолутни туѓинци убедени дека ќе го завршат животот таму…
…отвораат кутија со пица, почнуваат да разговараат… и откриваат дека се уште поголеми туѓинци отколку што мислеле на почетокот. Но, од тој миг, нивните животи ќе бидат нераскинливо поврзани.
Смешен, тажен, и прекрасно човечен, „Долг пат кон дното“ на Ник Хорнби е роман што поставува некои од најголемите прашања: за животот и смртта, за непознатите и пријателството, за љубовта и болката, за тоа дали парче пица ќе ви помогне да ја истерате долгата, темна ноќ на душата.
„Екстремно смешен… итар и мудар. Хорнби останува еден од најталентираните комични писатели“.
Сандеј тајмс
„Ремек-дело… еден од најизвонредните романи со најневеројатните ликови што, на мое задоволство, сум имал можност да ги прочитам“.
Џони Деп
Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.
Добитници на „Размислувај како шампион“ се:
1. Васко Авукатов
2. Иле Кузманоски
3. Ивана Најдовска