Тајни писатели на викенд романчиња

Benito-Mussolini-in-Dress-002Викенд романчињата се едноставни, брзи за читање и треба да му овозможат на читателот да го одмори мозокот. Овие книги со љубовни приказни најчесто се пишувани од жени за жени, но секогаш можат да се сретнат и исклучоци. Еве неколку автори на викенд романчиња кои пишувале под псевдоним, за нивните дела да не можат да бидат поврзани со остатокот од нивниот живот.

Викенд романчињата се едноставни, брзи за читање и треба да му овозможат на читателот да го одмори мозокот. Овие книги со љубовни приказни најчесто се пишувани од жени за жени, но секогаш можат да се сретнат и исклучоци. Еве неколку автори на викенд романчиња кои пишувале под псевдоним, за нивните дела да не можат да бидат поврзани со остатокот од нивниот живот.

викенд романчињаПапата Пиј II

Пред да седне на најпосакуваниот стол во Ватикан (а и во цела Европа) во 1458 година, Пиј II бил авантурист кој патувал низ Европа на шпионски мисии за неговиот претходник, слаткоречив дипломат и креативен писател. Замислете си го како средновековен Џејмс Бонд со малку поинаква облека. Неговата “Eurialus and Lucretia” сè уште се чита и денес, делумно бидејќи е одличен пример за епистоларен роман, но повеќе поради тоа што е напишана од човек кој станал папа, а содржината е „валкана“. Книгата е полна со еротика и е изненадувачки смешна. Книгата е збир на сочни љубовни писма помеѓу Лукреција (мажена жена) и Еуриалус, слука на Војводата од Австрија.

Бенито Мусолини

Ако сакате ваква литература, тогаш “The Cardinal’s Mistress” напишана од Бенито Мусолини и објавена како серија во социјалистички весник долго време пред тој да стане фашистички лидер со железна тупаница, најверојатно ќе ве разочара. Иако се работи за дело на сензуална и евокативна проза, нема многу дејство сместено во спалната. Приказната, за несреќната врска на кардинал со осудена жена, е само начинот на кој Мусолини ги спакувал своите мисли насочени против свештенството. За жал, пропагандата на Ил Дуче не е баш книга што би седнале да ја читате на плажа.

викенд романчињаЏојс Керол Оутс

Една од американските великани, Џојс Керол Оутс, има станато синоним за претенциозна и помпезна литература. Тогаш зошто писателка, која често се спомнува како потенцијален добитник на Нобелова Награда, има викенд романчиња како “Soul/Mate” и “The Stolen Heart” на нејзината библиографија? Бидејќи тоа не била нејзината цел, двете се напишани под псевдонимите Розамонд Смит (феминизиарана верзија на името на нејзиниот сопруг Рејмонд Смит) и Лорен Кели. Оутс била изненадена и разочарана кога анонимен извор го открил нејзиниот идентитет во 1987 година.

Садам Хусеин

Помеѓу геноцидот врз Курдите, инвазијата на Кувајт и убивањето на дисиденти, Големиот Диктатор од Ирак некако успал да најде доволно енергија за да ја напише “Zabiba and the King”. Објавена била анонимно по првата Заливска Војна, а вистинскиот идентитет на авторот бил откриен од саудиски весник во 2001 година. Но, прашањето е дали идентитетот на авторот некогаш воопшто бил тајна. Не само што романот не добил никаква критика кога бил пуштен во продажба (ирачките медиуми го нарекле „иновација во историјата на романот“), туку и речиси очигледната алегорија на приказната откривала многу: Добродушен лидер (Садам) е вљубен во убава селанка (Ирачаните) која е постојано силувана од нејзиниот злобен сопруг (САД).

викенд романчињаЛин Чејни

“Sisters” била обична мелодрама кога била објавена во 1981 кодина. Продажбата била ужасна и набрзо било прекинато нејзиното печатење. Тогаш зошто копиите со меки корици на интернет во денешно време имаат цена од 300 американски долари? Бидејќи “Sisters” ја прави Лин Чејни, авторката на оваа книга и поранешна втора дама на САД и гласноговорник на движењата за забрана на геј бракови, огромен лицемер. Приказната е романса помеѓу две жени сместена на Дивиот Запад, и е полна со љубов и секс, и промовира користење контрацепција од жени кои сакаат да останат „слободни“. Кога Чејни била прашана за книгата во интервју за New York Times, таа одговорила „не се сеќавам на заплетот.“ Очигледно геј браковите се поконтроверзни денес отколку во 1981 година.

- Реклама -