Ви го претставуваме… TASCHEN

taschen-booksБи сакале да ја најавиме нашата долго очекувана соработка со TASCHEN, овозможена од Издавачкиот Центар ТРИ како ексклузивен дистрибутер за Македонија. Во периодот што доаѓа ќе ви претставиме дел од големиот број на наслови што можете да ги најдете во книжарницата ТРИ, ќе доделуваме бесплатни TASCHEN книги за најверните посетители, а ќе ве известуваме и за новите изданија, попусти, акции и уште многу изненадувања!

Би сакале да ја најавиме нашата долго очекувана соработка со TASCHEN, овозможена од Издавачкиот Центар ТРИ (www.kniga.com.mk) како ексклузивен дистрибутер за Македонија. Во периодот што доаѓа ќе ви претставиме дел од големиот број на наслови што можете да ги најдете во книжарницата ТРИ, ќе доделуваме бесплатни TASCHEN книги за најверните посетители, а ќе ве известуваме и за новите изданија, попусти, акции и уште многу изненадувања!

Benedikt_taschen_by_thomas_rabsch_2004Приказната за TASCHEN е приказна за Бенедикт Ташен, 49-годишен сопственик на оваа издавачка куќа. Во дванаесеттата година ја започнал својата прва работа – продажба на употребени стрипови по пат на оглас; во петнаесетта година веќе бил финансиски независен; во осумнаесеттата го отворил првиот comic shop во Келн, а наскоро започнал да издава и стрипови.

Уште во 1982 го свртува вниманието на медиумите – сликан е за Der Spiegel пред голем постер на гол маж во својот нов comic shop – сексот, воајеризмот и провокацијата ќе станат имиџ на Taschen. Во бизнисот со книги се вклучува „коцкајќи“ се со 40.000 веќе отпишани примероци од монографијата на Рене Магрит на англиски јазик – ги распродава во рекорден рок по двојна цена.

Сè што во иднина Ташен направи на полето на издаваштвото беше револуција. Квалитетен производ, ниска цена, големи едиции, импресивна дистрибуција и провокативен маркетинг – формула која им зададе силни главоболки на дотогаш водечките издавачи на coffee-table книги.

Со првата монографија на Салвадор Дали книжарниците добија и голем постер на кој уметникот, виткајќи ги своите долги мустаќи, со чудење гледа во книгата покрај него на која пишуваше “Гениј како мене за само $6.99? (GENIUS LIKE ME FOR ONLY $6.99?). Или можеби коментарот на легендарниот холандски архитект, Рем Кулхас, „Бев шоокиран кога ја видов својата книга на аеродромот во Лагос, Нигерија. Значи (Ташен) може да ги дистрибуира своите книги дури и во срцето на Африка!”

Прочитајте и:  Младата поетеса Пауновска, во Данска направи промоција на книгата поезија „Нецелосна“

helmut-newton-taschenИ откако останатите издавачи почнаа да ги следат новите стандарди во однос на квалитетот – цените кои ги постави TASCHEN, повторно го шокираа светот со највозбудливиот издавачки проект од крајот на минатиот век – SUMO форматот на монографијата посветена на големиот фотограф и личен пријател, Хелмут Њутон.

Оваа 30 кг тешка книга веднаш влезе во Гинисовата книга на рекорди, а примерокот потпишан од страна на фотографираните модели е продаден за рекордни $304.000,00. Колку издавањето на оваа книга беше револуционерно покажува и нејзината цена, која од почетните 1.500€, нарасна на сегашните 5.000€. Се разбира, SUMO денес е колекционерски производ и работа на престиж. По овој проект TASCHEN и двете следни изданија на SUMO форматот им ги посвети на фотографите, така што монументален каталог добија и Лени Рифенштал и Нобујоши Араки.

Еден од последните издавачки Sumo-потфати му беше посветен на легендарниот боксер  Мухамед Али – “ G.O.A.T” Greatest of All Time, A Tribute to Muhammad Ali.

Денес Бенедикт Ташен има централно претставништво во Келн, а поголемиот дел од годината го поминува во Лос Анџелес, во куќа вредна милион долари која ја проектираше Џон Лотнер (TASCHEN направи книга посветена на Лотнер). Со оглед на новата локација и на неодамна отпаечатениот омаж на Били Вајлдер во облик на прекрасната книга „Some like it hot“, сигурно е дека во блиска иднина можеме да очекуваме низа книги инспирирани од поп културата и Холивуд.

taschen-books

Продукцијата на TASCHEN е наменета за широка публика. Можете да најдете сè за уметноста: монографии на сликари (современи и не толку современи), скулптори, фотографии, култни филмски режисери, најнови архитектонски остварувања, идеи како да го уредите сопствениот дом… Но, TASCHEN не застануваат тука. Бидејќи светот постојано се менува, се отвораат нови полиња за уметнички израз – простор за студии за анимација, илустрација, веб-дизајн, лого дизајн, адвертајзинг, new media и video art. Едноставно, TASCHEN ги следи сите сегменти на живеењето, правејќи и препознавајќи во него уметност, затоа што животот е уметност сам по себе!

- Реклама -