Книга: Бидете креативни

Bidete_kreativni_web„Бидете креативни“ е книга што нè поттикнува да размислуваме за незамисливото. Ју Кам Кеонг нè потсетува на основната вистина – дека секој напредок произлегува од разиграната и пронаоѓачка состојба на умот – суштинската природа на  детето.

bidete_kreativni„Бидете креативни“ е книга што нè поттикнува да размислуваме за незамисливото. Ју Кам Кеонг нè потсетува на основната вистина – дека секој напредок произлегува од разиграната и пронаоѓачка состојба на умот – суштинската природа на  детето.

Сите ние имаме потреба за нови и различни решенија во нашите животи. Токму тоа го наоѓаме во оваа живописна книга. Кеонг нè учи со радост и оптимизам да го претвориме нашето секојдневие во вистинска креација.   

Прочитајте и:  Младата поетеса Пауновска, во Данска направи промоција на книгата поезија „Нецелосна“

Книгата на духовит и забавен начин ни ги отвора портите на креативноста. Живописната и едноставна приказна е вистинско задоволство за луѓе од сите возрасти кои имаат желба и волја да научат нешто за својата креативност.  

„Книгата е фантастична! ЈКК ни укажува дека во сопствениот ум имаме непроценливо богатство. А нам ни останува да му дадеме слобода. Извонредно!“
Global Enerpreneur

„Книга за секого, од бездомник до врвен бизнисмен!“
The Sun

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

Добитници на „Ова не се Ромео и Јулија“ се:

1. Огненка Гаврилоска
2. Марко Шопов
3. Ана Стефановска

- Реклама -