Сатурниа, Тоскана, Италија. Популарниот спа-град постои на ова место уште од древни времиња. Најпознати од сите се бањите во Сатурниа, природните топли извори.
Според легендата, изворите биле создадени откако лутиот Јупитер сакајќи да го погоди Сатурн фрлајќи лути молњи кон него, го промашил по што биле создадени изворите.
Топлата вода (37.5 °C) не само што е прекрасно место за релаксација, туку е и исклучително здрава. Имено, минералите имаат терапевтски својства, поради што голем број на третмани и креми се направени благодарение на овие води.