Книга: Исток, Запад

istok_zapad_intro.jpg Збирката раскази Исток, Запад создава една целосна слика на двете, дотогаш разделени страни на писателот Салман Ружди. Расказите од првиот и вториот дел од оваа книга, Исток и Запад, се напишани пред фатвата и, независно еден од друг, објавувани се во различни списанија.


istok-zapad.jpgЗбирката раскази Исток, Запад создава една целосна слика на двете, дотогаш разделени страни на писателот Салман Ружди. Расказите од првиот и вториот дел од оваа книга, Исток и Запад, се напишани пред фатвата и, независно еден од друг, објавувани се во различни списанија.

Во нив еднакво се среќаваат наследствата на Индија и Европа, предадени низ книжевно разнородни теми и низ неизбежно конфронтираните и речиси неспоиви концепти, на кои се чини дека е поделен целиот свет – Истокот и Западот, кои Ружди ги разгледува како ментални концепции на заблуди.

Прочитајте и:  Младата поетеса Пауновска, во Данска направи промоција на книгата поезија „Нецелосна“

Ваквата „конфронтација“ на „заблуди“ е отсликана на специфичен начин, кој ги допира и ги превреднува клучните предрасуди што овие концепти ги вкрстуваат еден против друг, преку употреба на подеднаква доза на иронија кон секој од нив.

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

Добитници на книгата “Законот на привлекувањето” се:

– Наде Божинова
– Ивана Биба
– Илија Трипуновски

- Реклама -