„Калуѓерот кој го продаде своето Ферари“ е приказна за Џулиен Ментлу, врвен адвокат, чиј неизбалансиран начин на живот ќе го доведе скоро до фатален инфаркт во преполната судница…
„Калуѓерот кој го продаде своето Ферари“ е приказна за Џулиен Ментлу, врвен адвокат, чиј неизбалансиран начин на живот ќе го доведе скоро до фатален инфаркт во преполната судница.
На физичкото пропаѓање му следи духовна криза, која ќе го натера да размисли за својот живот и да побара одговор на најважните животни прашања. Со надеж дека ќе најде среќа и исполнување, заминува на едно необично патување. Запознавајќи една стара култура открива моќен начин како да го ослободи потенцијалот на својот ум, тело и душа и како да живее со повеќе страст, смисла и мир. Брилијантна мешавина на источната духовна мудрост и острите западни принципи за успех, оваа инспиративна приказна чекор по чекор ни го посочува патот до похрабар и поизбалансиран живот, живот исполнет со изобилство и радост.
Робин Шарма, магистер по право е еден од водечките светски експерти во областа на раководење, елитен настап и владеење со самиот себе. Автор е на седум меѓународни бестселери, меѓу кои се „Откријте ја својата судбина“ и „Кој ќе плаче кога ќе умрете?“. Робин е визионер и генерален директор на Sharma Leadership International, многу почитувана фирма во областа на образованието. За да дознаете нешто повеќе за неговите основни идеи, тренинзи и семинари, посетете го сајтот www.robinsharma.com.
Во продолжение се дел од мислењата што за оваа книга ги дадоа светски-познатите автори и современици на Шарма:
„Ништо помалку од сензационалност. Оваа книга ќе го благослови вашиот живот.“
Марк Виктор Хенсен, коавтор на книгата Мевлем за душата
„Забавна, фасцинантна, имагинативна авантура полна со мудрост која може да го збогати и унапреди животот на секој поединец.“
Брајан Трејси, автор на книгата Најголемиот подвиг
„Забавна книга која ќе го измени вашиот живот.“
Илејн Ст. Џејмс, автор на книгите Поедностави го својот живот и Внатрешна едноставност
„Магична приказна, поучна и забавна истовремено“
Паоле Коелјо, автор на Алхемичарот
Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.
Добитници на книгата Белиот тигар се:
– Ива Шкрињариќ
– Данијела Клобучинска
– Даниел Атанасов