Мажите кои се стремат да го освојат женското внимание, време е да заборават на скапите и брендирани облеки. Британско истражување покажа дека обичната маица е клучот за женското срце.
Бела маица со кратки ракави и голема црна буква Т на предната страна го прави мажот за 12 проценти повеќе атрактивен утврдиле научниците. Според нив маицата и буквата создаваат излузија на широки раменици и убава половина.
Најдобрите резултати биле забележани кај учесниците кои не биле во добра форма, додека атрактивноста на мажите со развиена телесна се зголемила само малку. За сметка на тоа атрактивноста на учесниците кои носеле маици со завртена буква Т, била намалена до 12 проценти. Причината за тоа е дека промената на фокусот кон стомачната област на мажот ја намалува неговата популарност во женските очи.
Научниците пресметале дека идеален сооднос половина-граден кош (WCR) е меѓу 0,7 и 0,8, при што рамената се за околу 20 проценти пошироки од колковите. За целите на истражувањето на 30 студентки на возраст меѓу 18 и 25 години им биле прикажани пет различни форми на машки тела и тие требало да проценат колку тие се атрактивни и здрави. Сите мажи модели носеле обична бела маица без Т, потоа со буквата Т во различна положба и големина.
„Јасно е дека вкусовите се индивидуални, но тука гледаме како модата може да има скриен позитивен или негативен ефект врз перцепцијата за привлечноста и здравјето. Ова покажува дека можете да го користите овој вид оптичка илузија која уметниците и модните дизајнери ја користат цело време, за да влијаат на нашата главна сензорна психологија “, изјави раководителот на истражувањето, психологот д-р Ендрју Денг од Универзитетот „Нотингем Трент “