Книга: Омилената игра

Повеќе.. Во Омилената игра Леонард Коен раскажува полу-автобиографска приказна која го отсликува животот на едно младо еврејско момче од Монтреал и неговата  потрага по сопствениот поетски глас. Романот содржи бројни настани од животот на Коен, дополнети со низа лирски слики, стихови од поетските збирки на авторот, извадоци од дневник…





Омилената играВо Омилената игра Леонард Коен раскажува полу-автобиографска приказна која го отсликува животот на едно младо еврејско момче од Монтреал и неговата  потрага по сопствениот поетски глас. Романот содржи бројни настани од животот на Коен, дополнети со низа лирски слики, стихови од поетските збирки на авторот, извадоци од дневник, како и алузии на општествениоткон текст во Канада од педесеттите години на 20 век.

На тој начин, во Омилената игра се гради еден специфичен жанровски и стилски колаж, чија цел е да се улови метафората на насловот, да се опише „омилената игра“ на еден млад уметник соочен со совршенството на сопствениот талент и со несовршенството на својот живот. Во исто време, овој роман е посвета и на Монтреал, градот на реката Сент Лоренс, кој претставува една од опсесивните теми во творечтвото на Коен и кој е опеан во една од неговите најпознати песни Suzanne.

Иако „омилената игра“ за Коен е уметноста (односно поезијата), сепак овој роман е приказна и за љубовта, за првите заљубувања и љубовни приказни, без кои уметноста никогаш не би била – игра.

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

Добитници на книгата Богот на малите нешта се:

– Ивана Ристоска
– Даниела Велкова
– Филип Ристески

 

- Реклама -