Прва помош за поткожните влакна

Топло е и ќе биде уште потопло.Температурата бара лесна и кратка облека, а таа пак бара деплирање. Е сега, некогаш ни се брза па посегнуваме по жилетот и не пазиме баш како се служиме со него. Последици? Кратки влакненца кои не изгледаат добро, а знаат да бидат и болни ако со нив не постапиме правилно.

Основно правило е поткожните влакна да не се чепкаат со нокти. Во спротивно не само што нема да го решите проблемот туку може да предизвикате инфекција. Затоа изберете безбеден начин.

За почеток потребна ви е топла облога. Неколку минути држете ја притисната на местото каде што ви е поткожното влакно бидејки на тој начин ќе ја намалите болката. Користете пинцета која претходно сте ја дезинфицирале. Со помош на пинцетата истражете го местото точно каде се наоѓа влакното и фатете го истото без да ја оштетите кожата. Ако станува болно прекинете и направите пауза.

Откако ќе го отстраните влакното дезинфицирајте го местото со средство кое не содржи алхохол и потоа нанесете крема за смирување на кожата. Добра е за таа цел и маст од невен или крем на база на јасен.

Прекријте го тоа место со мал завој или фластер да го заштитите од понатамошни инфекции. Заштитата е особено важна ако носите кратки панталони кои може да ја иритираат кожата.

Но, најдобар совет за решение на ваков проблем е превенцијата, која ќе ја постигнете со редовен пилинг. Ако ги бричите нозете секогаш корисете чист и остар брич и лосион за бричење. И немојте да ги бричите влакната во спротивен правец од нивното растење.

- Реклама -