Книга: Индиго Бомбај




Повеќе.. Долги, индиски денови. Уште подолги, индиго ноќи. Странкиња во Бомбај изгубена далеку од хотелот, или повикана од некого за да пронајде… Што има зад превезот на обичниот живот, таму кај што не може да довиди? А, што има, пак, над него, до каде што нејзиниот ум не успева да довтаса? Од кого е повикана? На што треба да се сети?





Индиго БомбајДолги, индиски денови. Уште подолги, индиго ноќи. Странкиња во Бомбај изгубена далеку од хотелот, или повикана од некого за да пронајде… Што има зад превезот на обичниот живот, таму кај што не може да довиди? А, што има, пак, над него, до каде што нејзиниот ум не успева да довтаса? Од кого е повикана? На што треба да се сети? Кој ќе и го покаже патот до… И со која цел?

Прочитајте и:  Младата поетеса Пауновска, во Данска направи промоција на книгата поезија „Нецелосна“

Индиго Бомбај:  табуизирана, многу чувствителна тема, недопрена од нашата литература. Што разлазува морници, но и вознесува од восхит. Таинствен копнеж што повикува на заумни патувања. Заборавени долгови  што обврзуваат да бидат оддолжени. Случајности што не се тоа. Чудесни љубови. Препознавања на двојници по крв. Загадочни средби. Разделби без разделувања…

Роман – сочно животен и недофатно мистичен. Драматичен. Возбудлив. Тревожен. Успокојувачки. Тажен и радосен. Длабок и висок. Темен и светол. И доживеан низ лично искуство. Затоа вистинит.   

Индиго Бомгај од авторката на хималајската приказна Каменот од твојот ден, добитник на Рациновото признание за најдобра прозна книга во 2005 година.

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

Добитници на книгата Играј, играј, играј се:

– Благоја Долгоски
– Наташа Цветановска
– Елена Јовеска

- Реклама -