Некој можеби нема да се согласи со овие топ 10 изуми на човештвото, но ќе мора да признаете дека без нив секојдневието ќе ни беше потешко.
1. Чадор
Во 21 век, време на кибернетиката, мобилните, сателитите, вселенската технологија, компјутерите, освојувањето на Марс…вие покрај сѐ сте присилени над глава кога врне да носите парче платно споено на дрвен стап со 6-7 жици. Сѐ може да се надгради, но чадорот е ист од првиот ден и единствено тој ќе ве чува суви кога врне.
2.Паштета
Можете вие да јадете кавијар, скара, октопод на жар…но кога пијани и гладни ќе го отворите фрижидерот и барате што да изедете, гледате дека е празен…и радост. На вратата гледате паштета. Мора да признаете дека на среќата ѝ нема крај.
3. Далечински управувач
Во 80-тите години имав стомачни мускули од станувањето од лежечка позиција да сменам канал на телевизија. А уште кога дедо ми седеше до мене кој постојано повторуваше „Ај смени на друг канал“, „Намали“, „Ај друг канал“, „Ај врати сега на првиот“, „Попушти глас“…
4. Пиво
Незнам кој го измислил и не ми се гугла да барам. Тоа што знам е дека на лето ми легнува ептен. Сите се чудат зошто толку пијам пиво…Објаснувањето на тој феномен е многу едноставно – лето кога е 40 степени може да пиете вода до една граница, а потоа се преминува на пиво од една причина – ВИ СЕ ГАДИ ОД ВОДА. Зошто тогаш и зимно време се пие пиво кога не е топло? Останала навиката од лето.
5. Машина за перење алишта
Можете да кажете што сакате, но машината за перење алишта спаѓа во топ изуми на човештвото. Па, човече порано жените оделе на поток за да ги исперат алиштата, а денеска имаат „поток“ дома кој влегува во некоја машина која сама пере. А и жените повеќе не може да ги уценуваат мажите „Од денеска нема да ти ги перам алиштата“.
6. ВЦ школка
Еден од ретките изуми што нѐ тера сите да се олеснуваме на исто место. Во спротивно градските населби би биле комплетно пос****. Животот без ВЦ школка е незамислив. Без туш се може…без лавабо исто…но без ВЦ школка тешко. Немаш? – па ти си мртов човек.
Текстот со малку измени е преземен од блогер Круле објавен на webcafe.hr