Ново продолжение на Автостоперски водич низ вселената

Повеќе... Не, не е откриен досега необјавен ракопис (за жал),ниту пак Даглас Адамс воскресна од мртвите… Jane Belson,сопругата на Даглас Адамс им даде дозвола на издавачката куќа Penguin да и додадат нов-шести дел на оваа „единствена триологија во светот која е во 5 продолжетоци“. Шестиот дел на
приказната за авантурите низ вселената на земјанинот Артур Дент и
неговата екипа ќе биде објавен во октомври 2009-та.

colfer460.jpgНе, не е откриен досега необјавен ракопис (за жал),ниту пак Даглас
Адамс воскресна од мртвите… Jane Belson,сопругата на Даглас Адамс им
даде дозвола на издавачката куќа Penguin да и додадат нов-шести дел на
оваа „единствена триологија во светот која е во 5 продолжетоци“. Шестиот дел на
приказната за авантурите низ вселената на земјанинот Артур Дент и
неговата екипа ќе биде објавен во октомври 2009-та.

За пишувањето на овој шести дел со наслов And another thing… ќе биде задолжен ирскиот писател на книги за деца Eoin Colfer (на сликата), голем фан на Даглас Адамс, кој за оваа прилика ќе рече дека му е дар од боговите и дека тоа е исто како некој да ви понудил супермоќ по ваш избор. Сепак,на новинарите им признал дека чувствува огромен притисок и дека ќе се потруди таа да му биде досега најдобрата книга која ја напишал. Од издавачката куќа информираат дека на Colfer му е дадена потполна слобода за тоа како ќе го продолжи Автостоперскиот водич низ вселената. Прашањето е само како тој ќе се извлече од кашата која му ја подготви Даглас Адамс убивајќи ја целата интерпланетарна екипа на крајот од последниот дел од Водичот. Иако дури и Адамс во повеќе свои интервјуа спомена дека би сакал да напише уште едно продолжение на Автостоперскиот водич… бидејќи наводно не е задоволен од последниот дел, обожавателите на оваа книга најверојатно ќе се согласат дека ова е сквернавење. 

Прочитајте и:  Младата поетеса Пауновска, во Данска направи промоција на книгата поезија „Нецелосна“
- Реклама -