HD 10180 е ѕвезда која е речиси двојник на нашето Сонце: има слична маса, температура, светлост и дури и ист хемиски состав. Но во овој случај на ѕвездено ривалство, HD 10180 има една предност: нова анализа извршена врз набљудување на ѕвездата таа би можела да има девет планети.
Еден астроном решил да направи нова анализа на податоци за ѕвездата собрани од High Accuracy Radial Velocity Planet Searcher (HARPS), неверојатно прецизна камера поставена на 3,6 метарски телескоп во Чиле. HARPS ја набљудувал HD 10180 неколку години; ѕвездата се наоѓа на само 130 светлосни години од нашиот сончев систем што ја прави многу светла и лесна за проучување. Набљудувањето се фокусирало на тоа дали ѕвездата покажува периодична промена во светлината: Доплеров ефект предизвикан од гравитацијата на планети.
Шест јасни прикази на Доплеров ефект биле откриени во оригиналната анализа: шест планети, пет од кои имаат маса која е 12 до 25 пати поголема од онаа на Земјата (големина блиска на онаа на Нептун), и шестта која има околу 65 пати поголема маса од Земјата (повеќе како Сатурн отколку Нептун). Овие планети кои орбитираат околу HD 10180 имаат периоди од 5 до 2000 дена. Била откриена и седма можна планета, но податоците за неа не биле доволно цврсти.
Новата анализа ги прегледала податоците на нов начин со помош на други статистички методи. Не само што шестте планети биле видливи и во новите резултати туку било потврдено и постоењето на седмата и исто така биле откриени и две нови. Ако резултатие се покажат како точни тоа ќе значи дека HD 10180 има девет планети, повеќе отколку нашиот сончев систем. Трите нови планети имаат маси кои се 1,3, 1,9 и 5,1 пат поголеми од Земјата и орбитираат околу ѕвездата со периоди (години) кои траат 1,2, 10 и 68 дена.
Првите две имаат релативно слична маса како и Земјата но тоа е единствената сличност со нашата планета: тие се премногу блиску до нивната ѕвезда и нивните површини имаат екстремни температури. Првата е на само 3 милиони километри од HD 10180 а втората на околу 14 милиони километри. Ова е многу помало растојание отколку она помеѓу Меркур и Сонцето а HD 10180 е многу слично на нашата ѕвезда. Тоа значи дека температурата на нивните површини е доволно висока за топење калај, цинк, а на внатрешната планета можеби дури и железо. [A nearby star may have more planets than we do!]