Според пишувањата на британскиот медиум „Daily Mail“ за најлоши љубовници во Европа се сметаат Британците.
Секој трет Британец тврди дека уживал во сексот на јавно место, но, исто така тие сметаат дема и не се нешто многу силни кога станува збор за перформансот во кревет.
По сопствено признание, тие не се добри љубовници и на себе си даваат просечна оценка од 3,3.
Поголема самоувереност имаат Швајцарците кои сметаат дека нивниот сексуален чин треба да се оцени со 3,9.
На второ место на самоуверени љубовници се наоѓаат Холанѓаните и Австријците, покажа европската студија спроведена во 13 земји, вклучувајќи ја Данска, Велика Британија, Норвешка, Финска, Франција, Шведска, Германија, Белгија, Италија, Шпанија, Австрија, Холандија и Швајцарија.
Французите, најстраствените љубовници на светот, се наоѓаат некаде на средината на листата. Истражувањата покажале дека кон сексот за една ноќ се најсклони Финците, Данците и Холанѓаните.