Откако го претстави првиот таблет во светот со две оперативни системи, Samsung не застана до таму, а ги изненади обожавателите со уште еден љубопитен производ. Компанијата го претстави првиот во светот фотоапарат со оперативен систем Android.
Уредот носи името Samsung Galaxy NX и е адаптиран со заменливи објективи, Android оперативен систем и поддржува 4G трансфер на податоци.
На тој начин производителите обидуваат да задоволат барањето на корисниците за уред кој нуди слики со подобар квалитет од повеќето паметни телефони, но сепак да е снабден со доволно апликации и функции за темелна обработка на фотографии и за сурфање на интернет .
“Galaxy NX е извонреден фотоапарат и е доста веројатно да се наметне во професионална фотографија, отколку S4 Zoom, главно поради најдобри леќи” изјави Греам Нил од Mobile Today. “Она што го разликува Samsung од нивниот основен конкурент Apple е неверојатната количина разновидни производи кои ги нуди. Нивната главна задача е да се создаде паметен телефон, таблет, камера или лаптоп за апсолутно секој и тоа ги издвојува во однос на конкуренцијата. “
Појавата на новите производи на јужнокорејската компанија доаѓаат во соодветен момент, бидејќи во последно време цената на акциите на компанијата почнаа да паѓаат. Од 4 јуни цената е намалена за 14%, но се очекува со новите производи повторно да се врати на претходните вредности.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk