Телескоп на NASA кој вреди 317 милиони долари ја завршил својата 14 годишна мисија – составување на „ѕвезден атлас“ од 2,7 милиони фотографии од небото околу нас. Половина милијарда ѕвезди се видливи во атласот кој го покажува секој дел од небото видливо од Земјата во фотографии направени со инфрацрвени инструменти кои можат да препознаат прав и далечни тела невидливи за останатите телескопи.
„Денес Wide-field Infrared Survey Explorer, или WISE, го заврши плодот на 14 годишен напор на астрономската заедница“ изјавил Едвард Рајт, претводникот на WISE на Универзитетот од Калифорнија во Лос Анџелес, кој започнал да работи на оваа мисија во 1998 година. Од лансирањето инфрацрвениот телескоп вреден 317 милиони долари го скенира универзумот со најсофистицираните камери испратени во вселената.
Конечната слика составува 18.000 фотографии направени од WISE. WISE го мапирал целото небо во 2010 година со далеку подобри детали од неговите претходници. Сателитот направил повеќе од 2,7 милиони фотографии направени на четири различни инфрацрвени бранови должини. Во фотографиите се гледа сè, од блиските астероиди до далечните галаксии.
Тимот анализирал над 15 трилиони бајти податоци. Прелиминарните податоци кои опфатиле половина од небото биле завршени во Април 2011. „Со објавувањето на каталогот на целото небо WISE влегува во пантеонот на големи анализи на небото кои придонеле кон многу значајни откритија за универзумот“ изјавил Рок Кутри кој го предводи процесирањето на податоците од WISE и е одговорен за напорот за архивирање во Processing Analysis Center на Калифорнискиот Институт за Технологија во Пасадина. [Nasa ‘Sky Atlas’ catalogues half a billion stars after 14-year scan]