Минување низ врата предизвикува заборавање

вратаНово истражување на Габриел Радвански, професор по психологија од Нотр Дам Универзитетот налага дека минувањето низ врати предизвикува краткотрајно губење на меморија. „Минувањето низ врата во мозокот служи како „граница на настани“ која ги дели епизодите на активност и ги документира“ објаснува Радвански.

„Памтењето на одлуките или активностите кои се случиле во друга соба е тешко поради поделбата.“ Извршувањето на три експерименти во вистински и виртуелни средини, субјектите на Радвински – сите студенти – извршувале мемориски задачи додека оделе низ соба и минувале низ врата. Во првиот експеримент, субјектите користеле виртуелна средина и се движеле од една во друга соба, одбирајќи предмет на маса и менувајќу го со друг предмет на друга маса.

Тие ја извршувале истата задача и движејќи се низ соба но без да поминат низ врата. Радвански открил дека субјектите заборавале почесто кога минувале низ врата споредено со кога го минувале истото растојание низ соба, што наведува дека вратата или „границата на настан“ ја попречува способноста за пристапување на мислите или одлуките направени во друга соба.

Вториот експеримент во реална средина субјектите требало да кријат предмети одбрани од маса во кутии и или да поминат од еден до друг крај на соба или да го поминат истото растојание и да минат низ врата. Резултатите ги реплицирале оние направени во виртуелната средина: минувањето низ врата ја намалила меморијата на субјектите.
Последниот експеримент бил дизајниран да тестира дали вратите навистина служат како граница на настан или дали способноста за памтење е поврзана со средината во која одлуката – во овој случај, избор на предмет – била направена. Претходно истражување покажало дека фактори од средината влијаат врз меморијата и дека пристапот до информации собрани во една средина е полесен кога се случува во истиот контекст.

Субјектите во овој дел од студијата поминале низ неколку врати, враќајќи се кон истата соба во која почнале. Резултатите покажале дека немало подобрување во меморијата, што наведува кон заклучокот дека минувањето низ врата служи како метод на кој мозокот ги документира спомените. [Walking through doorways causes forgetting, new research shows]

- Реклама -