Освен ако не сте од оние кои рипаат од креветот и се спремни веднаш да започнат со работниот ден, будењето може да биде најтешкиот дел од денот. Ќе ви понудиме неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да се расоните и успешно да го започнете денот.
1. Истегнете се
Најчесто ова ни доаѓа само по себе, но не секогаш. Утринското истегнување помага многу при реактивирање на телото после долгиот сон. Мозокот е разбуден но и телото треба да се пробуди.
2.Утринско вежбање
Откако се разбудивте се препорачува да се врати нормалната цирркулација во телото со утринска гимнастика.На вратот, рамењата, торзото и половината им е потребна мала вежба за да можат да ја повратат нормалната циркулација и да се спречат незгодни повреди. Не го игнорирајте ова.
3. Без премногу кофеин
Кофеинот е стимулативна дрога и предизвикува зависност. Доколку претерате со конзумација ќе се појават обратни и несакани ефекти. Две шолји кафе до ручекот е границата која треба да ја запазите.
4.Чаша вода
Една чаша вода наутро не само што го ојачува и заштитува вашето тело, туку го стимулира и нервниот систем и системот за варење.
5.Редовен ритам на спиење
Организмот сака дисциплина. Легнувајте и станувајте секогаш во исто време.
6.Будете се со пријатна музика
Будењето со гласен аларм е стресно за срцето. Секогаш се препорачува да се будите со пријатна музика.
7.Изгаснете ги сите светла
Телевизорот или компјутерот мора да бидат изгасени. Било каков извор на светлина стимулира одредена активност во мозокот, а тоа спречува здрав и цврст сон. Доколку ова го практикувате многу полесно ќе се будите на утро.
8.Утринско туширање
Телото ќе ви рече благодарам! Освежувачкото дејство на утринскиот туш и неговите ефекти веднаш ќе ги забележите.