Запечатете го мејлот со бакнеж

Поради појавата на новите технологии љубовните писма нормално не се она што беа. Додека напишаните рачно и испратени по пошта писма ,некогаш можеа буквално да бидат  „запечатени со бакнеж”, денес едена или две ѕвездички (читај бакнежи), на крајот на e-mail или СМС пораки се сметаат за романтичен гест.

burberry-kisses-1

Но британскиот  моден бренд Burberry и интернет гигантот Google се здружија за да ја  вратат љубовта во писмената комуникација. Тие создале Burberry Kisses како начин  за очовечување  на технологијата преку емоционални дигитални искуства. Сега  корисниците можат да влезат на страницата Kisses.Burberry.com и да испратат личeн бакнеж на својот сакан/а. Ова се случува доколку ги приближите усните кон камерата  или кон вашиот мобилен телефон. Ако не можете да креирате бакнеж со сопствените усни преку камера или екран на допир, Burberry нудат свои „брзи бакнежи”, кои исто така можат да бидат испратени. Пред да ги испратат бакнежите , корисниците можат да ја изберат бојата на усните кои ја сакаат, од палетата бои на Burberry, вклучувајќи розова, виолетова  и црвена. Тогаш  можете  да додадете лична порака и да ја испратите заедно со  бакнежот кон  најдрагиот. Но забавата не завршува тука. Патувањето на секој бакнеж може да се проследи преку персоналната анимација која покажува тридимензионално небото над различни градови како Лондон или Њујорк, прикажувајќи го патот на бакнежот од локацијата на испраќачот до онаа на примачот. Личниот момент се добива со помош на технологијата Google Е arth и Street Vieuw кои го прикажуваат патувањето на писмото до неговата дестинација. За луѓето кои не разбираат како да испратат бакнеж, Burberry става на располагање видео во кое се објаснува целата постапка.

- Реклама -