Фотографиите кои можете да ги видите се од Даблин, каде што е сместено седиштето на компанијата Google за Европа. Четирите згради им се достапни на вработените од одделенијата за маркетинг, продажба и финансии. Највисоката од четирите градби има 14 спрата. Канцеларијата во Даблин има 5 ресторани, сала за игри, фитнес и над 400 сали за состаноци. Тука можете да најдете се: од кафулиња до мини голф терени. Можете да играте билијард, видео игри или пак да го посетите мини анфитеатарот. При вакви услови за работа, ништо чудно што Google отсекогаш бил најпосакуваното работно место, не само во САД, туку и ширум светот.