Гледајќи ги фотографиите од овој прекрасен апартман забележав дека нешто недостасува. Нешто што има голема функционалност во сечиј дом.
Можеби ќе ви биде смешно, но на оваа перфекција ѝ недостасува масичка во делот за одмарање и гледање телевизија.
Апартманот се наоѓа во Венеција во зграда од 1960 година. За време на летните денови терасата станува дел од дневната соба. И тука е искористен трикот со светлиот мебел кој прави просторот да изгледа поголем одошто е.