Двете месечеви сонди Grail ги испратиле првите пораки до Хјустон. Тие тргнале кон месечината во спектакуларен стил во 6:08 по локално време од Кејп Канаверал во Флорида со помош од United Launch Alliance Delta II ракета. Откако излегло од земјината гравитација леталото се одделило и тргнало кон Месечината.
На речиси идентитчните сонди – именувани Grail-A и Grail-B – кои биле поставени на релативно мала Delta II ракета, ќе им требаат речиси четири месеци пред да стигнат до месечината – за разлика од тридневното патешествие на астронаутите од Аполо пред четири децении. Grail-A прва се одделила од ракетата според планот неколку часа по полетувањето а осум минути подоцна по неа тргнала и Grail-B.
Двете ослободувања биле видлив во живо на NASA TV благодарејќи на камерата вградена во ракетата. Соларните уреди на леталата ќе помогнат за напојување на опремата, која содржи сончев сензор и следач на ѕвезди. Сондите патуваат независно кон Месечината, A треба да пристигне на 31 декември а B на 1 јануари. „Едноставно кажано, Grail е патување до центарот на Месечината“ вели Ед Вилер, предводник на мисијата.
{youtube}PKd4hK9AU9w{/youtube}
Во меѓувреме главниот научник, Марија Зубер открил дека тој „не би можел да биде посреќен“ по два дена оддолжување. Тој додал: „Се обидував да бидам што е можно посмирен.“ „Сондите ќе пробијат во внатрешноста на Месечината и ќе го мапираат нејзиното гравитационо поле 100 до 1000 пати подобро од било кога претходно. Ќе дознаеме повеќе за внатрешноста на Месечината со Grail отколку со сите претходни мисии заедно“ додал Вилер.
Истовремено, четири камери на секое летало ќе им овозможат на ученици да нарачаат какви сакаат фотографии од Месечината. Образовниот труд е предводен од Сели Рајд, првата Американка во вселената. Целата Grail мисија чини 496 милиони долари. Според податоците од NASA, Grail е 110-та мисија чија цел е Месечината. Вакви мисии досега имаат испратено САД, СССР, Јапонија, Кина и Индија. [NASA receives first messages from the Grail moon probes as they hurtle through space]