Чудни знаци дека ви недостигаат витамини

Кога вашето тело се обидува нешто да ви каже, може да се послужи и со доста необични средства. Во денешно време, кога луѓето јадат се повеќе преработена храна, лесно е да се пати од недостаток на витамини и минерали. Иако можеби нема да се разболите, сепак можете да имате разни симптоми кои би можеле да бидат мошне иритантни. Ви претставуваме пет најчести предупредувања кои вашето тело ви ги испраќа.

Испукани агли на усните

Ова значи дека ви недостига железо, цинк, и Б-витамин. Битејќи витамините и минералите воглавно се наоѓаат во намирниците од животинско потекло, вегетаријанците се најчесто погодени.

Лек: Јадете повеќе пилешко, риба, јајца, морски плодови и домати сушени на сонце. Добар избор се и кикириките, леќата и гравот.

Црвен осип на лицето и опаѓање на косата

Ви недостасува биотин (B7), познат и како витамин за косата.

Лек: Јадете варени јајца, лосос, авокадо, печурки, карфиол, ореви,банани и малини.

M

Црвен осип сличен на акни, обично се јавува на образите, рацете, бутовите и задникот

Ви недостигаат есенцијални масни киселини и витамините А и Д.

Прочитајте и:  Дури 80 проценти од мозочните удари може да се спречат - невролог откри како

Лек: Исфрлете ја исхраната зачинета со транс масти и зголемете го внесувањето на здрави масти. Одберете мрсна риба, како лосос и сардина, јаткасти плодови итн…

За витаминот А „навалете“ врз зеленолисниот зеленчук, морковите и пиперките. Кога станува збор за витаминот Д, би требало што повеќе да бидете изложени на сонце. Сепак, бидејќи во овој период сонцето е прилично опасно, во консултација со вашиот доктор одберете некој додаток.

Пецкање, триење и вкочанетост во екстремитетите

Ви недостасуваат витамини од групата Б.

Овој проблем е директно поврзан со периферните нерви и нивните завршетоци во кожата. Симптомите на недостатоците се обично пропратени со нервоза, депресија, анемија, несвестици и хормонален дисбаланс.

Лек: Јадете повеќе спанаќ, цвекло, грав, јајца, морски плодови и пилешко.

Грчеви во мускулите

Ве недостига магнезиум, калциум и калиум. Доколку напорно тренирате, губите уште повеќе минерали низ дополнително потење.

Лек: јадете повеќе банани, бадеми, лешници, вишни, јаболки, брокули и темно-зеленолистен зеленчук.

- Реклама -